Задоволство ми е да се обратам до Вас, моите сограѓани , кои ми ја дадовте подршката на последните локални иѕбори , на кои ветив реализација на проекти за подобрување на животот во нашата општина .

За само две години (2009-2010) од мојот градоначалнички мандат се исполнети и реализирани речиси сите проекти , односно 90% од сите планови.

Ви се обраќам и со цел да ве информирам дека сите проекти кои се реализирани со средства на општината , дел се реализирани во соработка со владата на Р.Македонија, а мал дел со донации.

Како општина посебно сме  горди што успеавме да ја подобриме и инфраструктурата, ѕа полесно движење и комуникација , на населението каки и транспортот на стоката.  Успеавме да ги реализираме и проектите кои беа наменети за реализација во оваа и наредната година, а ги завршивме во текот на овие две години.

                

      Со Почит:

     Градоначалник на општина Росоман

     Г-дин: Стојанче Лазов