Градоначалник

Бранко Јанев е градоначалник на општина Росоман Бранко Јанев е роден 27.08.1959 година во Кавадарци. Јанев е семеен човек сопруг и татко на две деца.

Образование

Основно образование завршил во ООУ,, Пере Тошев,, Росоман Средно образование завршил ЕМУЦ,,Никола Тесла,, Скопје И Дипломски студии ги завршил на : Универзитет ,,СВ. Кирил и Методиј”, Скопјe каде што се здобил со диплома Дипломиран географ.

Професионален ангажман

Од 1989 до 1993година живеее и работи во Србија како професор по географија. Од 1997 до 1998 година работи како професор во Кавадарци во средно стручно училиште СОУ ,,Киро Спанџов-Брко,, Од 2003 год до 2017 година работи како професор во ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов,, Политичката кариера ја започнува Од 1996 год до 2000год кога станува Претседавач на првиот Совет на општина Росоман. На локалните избори оддржани на 29-ти октомври 2017 год е избран за градоначалник на општина Росоман