Актуелно Комунални дејности Некатегоризирано Проекти

Потпишани 2 договори со Бирото за регионален развој

Напишано од општина Росоман

Градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев и директорот на Бирото за регионален развој ги потпишаа договорите за кои општина Росоман аплицираше на повикот кој беше објавен од страна на Бирото.

Општина Росоман преку Бирото за регионален развој добива 2 проекти:

  1. Подобрување на патна мрежа (квалитетот на животот) преку изградба на патен правец од с.Мрзен Ораовец до с.Камен Дол (Општина Росоман) – во износ од 2 000 000 денари
  2. Подобрување на патната инфраструктура преку подготовка на техничка документација за изградба на улици во општина Росоман во должина од 2500 метри – во износ од 495 600 денари

 

Во наредниот период Општина Росоман ке пристапи кон тендерски процес после кој ке следува започнување на овие проекти.

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар