Актуелно Комунални дејности Проекти

Потпишан Договор за изградба на крак од атмосферска канализација

Напишано од општина Росоман

Денеска беше потпишан договорот помеѓу градоначалникот на Општина Росоман Бранко Јанев и Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Марко Колев за проектот “Подобрување на комуналната инфраструктура преку финализирање на каналот за отпадни води во општина Росоман”

Проектот е аплициран до Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Тендерот за изградба на проектот се очекува да биде распишан наредните денови а по неговото завршување ќе започнат градежните активности.

 

 

 

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар