Актуелно Дополнителни информации Огласи Проекти

ЈАВЕН ОГЛАС – до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Напишано од општина Росоман

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни лица како и деца во предучилишна возраст  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

– млади лица до 29 години

– лица постари од 50 години

– лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

– жени припадници на помалите етнички заедници

– лица припадници на ромската етничка заедница

– самохрани родители

– родители на деца со пречки во развојот

– лица со незавршено средно или пониско образование

 

 

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Негувател/ка (помошник за давање на услуги во домашни услови)

– Негувател/ка (помошник за давање на услуги во домашни услови)

– Негувател/ка (помошник за давање на услуги во домашни услови)

 

Пружење на елементарна помош и грижа за старите и изнемоштените, како и инвалидизирани лица која опфаќа:

– Набавка и достава на лекарства и други намирници

– Набавка и достава на храна и други неопходни продукти

– Плаќање на месечни сметки за струја, телефон, вода и слично

 

 

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Росоман и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Росоман кај лицето, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Валентина Бањанска.

 

 

Со почит,

ОПШТИНА РОСОМАН

01.08.2018

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар