Актуелно Дополнителни информации Настани

Започна новата учебна година и во ООУ “Пере Тошев”

Напишано од општина Росоман

По летниот распуст се врати детскиот џагор во училишниот двор. Започна новата учебна година и во ООУ “Пере Тошев”. На учениците им посакуваме многу успех, радост, дружења и се разбира многу нови научени работи, а на наставниците неброени работни успеси во остварување на мисијата да пренесат знаење и да воспитааат нови генерации здрави личности.


Оваа година за прв пат на предлог на градоначалникот а со одлука на Советот на општина Росоман за првачињата кои го започнаа својот образовен процес, им беше доделен училишен прибор.

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар