Огласи Проекти

Повик од Австралиска амбасада за достава на предлог проекти за мали грантови

Напишано од општина Росоман

Повик од Австралиската амбасада во Белград за достава на предлог-проекти за мали грантови

Програмата за директна помош (ДАП) при Австралиската Амбасада во Белград е отворена за доставување на предлог-проекти од три земји: Србија, Република Македонија и Црна Гора. Програмата е достапна за невладини организации, граѓански организации, како и организации кои бараат средства за спроведување на активности/проекти, кои ги опфаќаат следните приоритети:

  • Промовирање на човековите права, слобода на изразување и добро владеење
  • Промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените, како двигатели на економскиот раст
  • Поттикнување на инклузивноста на лицата со посебни потреби.

ДАП претставува флексибилна програма за мали грантови, кои се финансирани од Австралискиот буџет за помош, како и управувани од Австралиската Амбасада во Белград.

Апликациите треба да се испратат по електронска пошта најдоцна до 30 септември на следната електронска адреса: belgrade.embassy@dfat.gov.au.

Формуларот за апликација и инструкциите може да се најдат на електронската адреса:https://serbia.embassy.gov.au/bgde/direct-aid-program.html, а дополнителни информации за австралиската програма за директна помош се наоѓаат на: https://dfat.gov.au/people-to-people/direct-aid-program/Pages/direct-aid-program.aspx.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани во месец октомври, 2018 година.

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар