Актуелно Комунални дејности Проекти

Општина Росоман завршува со реализација на програмата за Изградба и реконструкција на улици

Напишано од општина Росоман

                Општина Росоман завршува со реализација на програмата за Изградба и реконструкција на улици за 2018 година со асфалтирање на крак од улицата Цандо Кузманов во должина од 170 метри. Оваа година општина Росоман релизираше изградба на 8 улици со Бехатон и тоа 2 улици во с.Трстеник, 2 улици во с.Сирково,2 улици во с.Дебриште, по една улица во Росоман и во с.Манастирец.

Општина Росоман со Бирото за регионален развој има потпишано договор за изработка на техничка документација за изградба на улици во должина од 2500 метри со што во иднина општината ќе има документација за аплицирање на проекти со што ќе се обезбеди подобрување на условите за живот на жителите на општина Росоман.

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар