Актуелно Комунални дејности Проекти

Реконструкција на дел од водоводна линија во с. Сирково

Напишано од општина Росоман

Започната е реконструкција на дел од доводна водоводна линија од м.в. Браница до с. Сирково.  Проектот опфаќа целосна реконструкција и обнова на сите три каптажи од сите три извори, со сите пропратни елементи на зафатите, изведба на нови армиранобетонски шахти ( собирна и приклучна) со изведба на две комори, прелив, испуст, таложница и аерација, минимум заштита и бебедност на зафатите и врска од трите зафати, со три независни водови од полиетиленско црево, во заедничка т.н. собирна шахта и довод со полиетиленско црево и врска во главниот довод, од групата извори Рашовец до резервоарот.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Росоман.

Повеќе за авторот

општина Росоман

Напиши коментар