фудбалско игралиште во Росоман

Росоман 7 ноември 2010

Во општина Росоман  денеска беше пуштено во употреба фудбалско игралиште, кое е дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт за изградба на 50 фудбалски терени.

Игралиштето има стандардни димензии, монтажни трибини со капацитет за 500 гледачи, системи за дренажа, соблекувални и осветлување.
Фудбалското игралиште го пушти во употреба премиерот Никола Груевски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов.

  Груевски посочи дека инвестициите ќе придонесат за развој на спортот и на младите во двете општини и дека ќе им овозможат современи услови за спортување не само на локалниот фудбалски клуб- „Росоман“ од Росоман туку и на сите жители од општината
Спортскиот проект го поздрави и градоначалникот на Росоман  - Стојанчо Лазов

Премиерот Груевски истакна дека во рамки на проектот преку Министерството за образование и наука за изградба на 145 училишни спортски сали, во подготовка е изградба на нова училишна сала во ОУ „Пере Тошев“ во Росоман

Покрај тоа, за Градско се планира и изградба на мултифункционално игралиште, во Росоман, пак, е почната изградба на градинка во која ќе бидат згрижени 50 деца. Во селата на двете општини се инвестира и во изградба на локални патишта, канализациски мрежи и системи за наводнување.