Кавадарци и Росоман ги здружија силите

Согласно договорот за заем по проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, општина Кавадарци донесе одлука за здружување на средства со општина Росоман.
  

Здружување на средства на двете општини е заради трајно решавање на проблемот за водоснабдување на општината, односно зафаќање на нови води за општина Кавадарци, а општина Росоман ги здружува средствата со цел користење на постоечкиот цевководен систем на Кавадарци до Росоман.

Кавадарци во овој заеднички настап учествува со сума од 1,5 милион евра, а Росоман со 115 илјади евра.

Реализацијата на проектите и начинот на трошењето на парите ќе биде надгледувано од експерти од Европската инвестициона банка и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.