
МЕСТОПОЛОЖБА
Росоман е една од помалите рурални општини и се наоѓа во средишниот дел на Р. Македонија. Според апсолутната надморска височина се вбројува во една од најниските во државата. Атарите на населбите се распространети во Росоманското Поле, односно во долното течение на Црна Река, која поминува точно низ средишниот дел на територијата на општината. Има правец на протегање североисток-југозапад. Од североисток се граничи со општината Неготино, од исток, југ и југоисток со општината Кавадарци, од југозапад со општината Чашка и од северозапад со општината Градско.
Оваа
општина
има
многу
дбра
географска
положба
и
сообраќајна поврзаност, бидејќи се наоѓа во централниот дел
на
државата. Низ централната населба Росоман поминува патниот правец Р-106
кој,
преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални
асфалтирани патишта.
местоположба
населби и населеност
аграр
природни богатства