РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И ИНВЕСТИЦИИ 2009/2014 година.

    agrar vo opstina rosoman

    Задоволство ми е да се обратам до Вас, моите сограѓани , кои ми ја дадовте подршката на последните локални избори , на кои ветив реализација на проекти за подобрување на животот во нашата општина.


    Наша мисија е: Со меѓусебно помагање и соработка до поуспешна општина.

    Локалната самоуправа заедно со граѓаните се стреми да ги постигне следниве цели:

    • Општина Росоман да биде економски и културно развиена средина;
    • Регион со развиен туризам и угостителство со изградена социјална и комунална инфраструктура;
    • Општина со добра сообраќајна поврзаност;
    • Да има мал број на невработени лица;
    • Нашата општина е регион кој ги произведува најубавите праски , тие се заштитен знак на нашето место, затоа да се потрудиме да обезбедиме подобри услови за нивни пласман ( како во нашата земја, така и надвор од нашите граници) .

    Накратко кажано:

    Да ја направиме нашата општина примамливо место за живеење и работа, да биде општина на среќни и задоволни граѓани. Интересот на граѓаните на општината за подобар стандард и поубава иднина остануваат наша главна заложба. Тоа е истиот пат по кој ќе продолжиме и во наредниот период. Знаеме дека нема да биде лесно одењето по тој пат, но ќе останеме до крај упорни и посветени на оваа цел. Ви се обраќам и Ве информирам дека сите проекти кои ќе ги разгледате во овој отчет се реализирани со средства на општината, дел се реализирани во соработка со Владата на Република Македонија, а мал дел се донации.

                        Со Почит,
    Градоначалник на Општина Росоман
               Г-дин Стојанче Лазов

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • img
  • img
  • img
  • img
  • img
  • img